Контакт информации

Животинска исхрана

АГРОИНВЕСТ

Ние секогаш ги избираме суровините со највисок квалитет од искусни и реномирани добавувачи со цел да произведеме најдобра сточна храна ( концентрат). Со изборот на соодветни суровини за производство , нивна правилна употреба и баланс во формулација на храната и постојана контрола на квалитетот , создаваме врвни крмни смеси ( концентрати) со кои ги максимизираме придобивките на сточарските производители.

Project Image

Правилно и добро избалансирана храна чиј што состав ги обезбедува сите потребни протеини и енергија за највисоки перформанси и продуктивност на грлата, е клучен фактор за успех во овој бизнис. Комплетните крмни смеси (концентрати) за преживарите од нашиот призводен програм вклучуваат две производни линии ,една за производство на месо друга за производство на млеко. Овие производни програми се наша специјалност имајќи ја во предвид нашата стручност и посвета кон оваа гранка од огромно значење за сточарството во Р.Северна Македонија.

Project Image

Одгледувањето на овци и јагниња е традиционална сточарска гранка во целата земја но и во поширокиот регион каде што сме лоцирани. Оваа гранка е извозно ориентирана и со значаен допринос во трговскиот биланс на Р.Северна Македонија. Нашите комплетни крмни смески (концентрати) за овци и јагниња се со избалансиран состав кој ги задоволува сите барања во нутриционистички поглед. Комплетните крмни смеси за овци (концентрати) ги обезбедуваат сите неопходни фактори за здравјето на овците, вклучувајќи поголема енергија, подобрување на плодноста, висок квалитет на крзното и одлична кондиција. Комплетните крмни смеси за јагниња ( концентрати) обезбедуваат голема продуктивност во многу кратко време, брз тов и квалитетно месо а помала телесна маса како што преферираат крајните купувачи во земјите каде се извезуваат јагнињата.

Project Image


Производство на кунзумни јајца
Производството на конзумни јајца е гранка во пораст која ја сочинуваат неколку големи фарми и се повеќе помали фарми со голем потенцијал за раст. Нашите комплетни смеси (концентрати) за кокошки несилки се формулирани за секоја фаза согласно нутритивните барања со цел да се обезбеди висока продуктивност, одлично здравје, висок квалитет на јајца и поголем циклус за поголемо производство и поголема профитабилност за производителите.
Производство на месо ( Бројлерско производство)
Производството на бројлери е помал но сепак значителен дел од живинарството со потенцијал за раст и развој. Производниот програм содржи различни мешавини (концентрати) за секоја фаза во товот , со цел да се обезбеди најдобра конверзија на храната и висок квалитет на проиведеното месо.

Project Image

Ова е важна и стабилна гранка која бележи раст со текот на годините. Нашата програма за комплетни крмни смеси (концентрати) е со висок квалитет каде преку употреба на внимателно селектирани компоненти во комбинација со многу хранливи додатоци, нудиме одлична храна која овозможува висок дневен прираст и одлична конверзија во месо. Со што им ја зголемуваме продуктивноста на одгледувачите и пред се квалитетот на проиведеното месо.

Project Image

Како дел од нашата посветеност да обезбедиме квалитетни храни за исхрана на животните и фокус кон различни групи на купувачи ние продаваме и поединечни зрнети култури (жита), производи од индустријата за скроб и масло, фуражни компоненти, адитиви, витаминско- минерални премикси и многу други компоненти за исхрана и дополнување на исхраната на добитокот. Сите овие компоненти и многу други се претставени подолу. Квалитетот и составот го гарантираме со документи за анализа и сертификати за квалитет .
- Меркантилна пченка
- Меркантилен јачмен
- Меркантилан пценица
- Сончоглед
- Тритикале
- Сточно брашно
- Сојино ќоспе
- Сoнчогледово ќоспе
- Репин резанец
- Витаминско-минерални премикси
- Хранливи додатоци И многу други компоненти за исхрана на животните.

ХРАНА ЗА МИЛЕНИЦИ

АГРОИНВЕСТ

Ние работиме напорно за да ги комбинираме, технологијата, знаењето и природата во квалитетна животинска храна и крајниот производ да им го понудиме на нашите клиенти.

СЕРВИС

АГРОИНВЕСТ

Service Image

ТРАНСПОРТ

Секторот за јавен превоз на стоки како значаен сегмент во АГРОИНВЕСТ Д.О.О од 29.09.2009 година согласно законската регулатива од ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЈЌАЈ (Сл.Весник на РМ бр.68/04 и 127/06) и Правилник за формата и содржината на лиценците (Сл.Весник на РМ бр 46/07) го извршува новиот правен субјект сопственост на АГРОИНВЕСТ д.о.о со следните податоци: ТЕРРАВИА д.о.о.е.л

Service Image

КОНСУЛТАЦИИ

Континуирана соработка и консултации со клиентите е од огромна важност за нас. Преку трајни односи со клиентите секогаш доаѓаме до подобрување на нашата храна и обезбедуваме најдобро решение за барањата на секој поединечен клиент. Покрај тоа, ние секогаш им ги нудиме нашите најдобри знаења и искуства на своите клиенти од областа на менаџирање на исхрана, менаџмент на фарма, нашите технолошки познавања и друго со цел тие подобро да го организираат производството и да ја зголемат вкупната продуктивност.

Service Image

ИНОВАЦИИ

Иновацијата во областа на земјоделството е значаен процес. Ние секогаш се трудиме да ги имплементираме новите методи на производство, да ги искористиме во производството најновите хранливи компоненти и да ги имплементираме најновите стандарди во производството, со цел да обезбедиме решение за максимизирање на придобивките на сточарите. Исто така, работиме континуирано во имплементација на технологија и ја комбинираме со познавањата на нашиот тим од нутриционисти за да обезбедиме пониска цена и висока додадена вредност за нашите клиенти. Како резултат на тоа, ги создаваме врвните формулации и рецептури за висок квалитет на произведените храни.

ПРОДАЖБА

АГРОИНВЕСТ

За широка и навремена достапност на нашите производи до крајните купувачи,  инвестиравме  во сопствнена транспортна флота . Со голем број на товарни возила со различни капацитети од 2 т, 6 т , 10 т, 15 т, 24 тони и неколку други комерцијални возила ги реализираме нарачките од најразличен обем во секој дел на земјата. 

Затоа, ние гордо можеме да тврдиме дека производите ќе бидат доставени до крајниот  купувач (Фарма, малопродажни центри, индивидуални сточари и др.) во кој било дел од земјата за максимум 24 часа од моментот прием на нарачката.

СТОЧНИ ХРАНИ

  • Комплетни крмни смеси ( концентрати). 
  • Житарици
  • Компоненти за сточни храни
  • Супер концентрати (дополнителни смеси со голем процент на протеини) 

ХРАНИ ЗА МИЛЕНИЦИ

  • Кучешки храна (мали кучиња, одржување, енергетски) 
  • Храна за мачки
  • Птици храна (мешавина, семиња).