Контакт информации

Image
Image
За нас

ЗА НАС Компанијата започна со работа во далечната 1991 година. Исхраната на животни беше главен фокус на деловните активности од самиот старт. Клучните сегменти беа увоз, трговија и дистрибуција на разновидни сточни храни, житарици и дополнителни хранливи додатоци. Во 1995 година започнаа инвестициски активности во објекти за производство и складирање на готови сточни храни. Со 100% приватен капитал и гринфилд инвестиција во 2001 фабриката го доби обликуваше сегашниотизглед кој постојано се надоградува и дополнува со нови инвестициски проекти во опрема и објекти. Од 2001 година компанијата работи со веќе препознатливото име АГРОИНВЕСТ како на домашиот така и на околните балкански пазари. Со искусен персонал во областа на производство и менаџмент и постојан раст и развој, ние на домашниот пазар се издвојуваме со следните карактеристики:

Добавувач на високо-квалитетни сточни храни Доверлив и издржлив партнер на сите наши клиенти.

Континуирано вложување во нови технологии и подобрување на квалитетот на производите и широк спектар на услуги во оваа област.

25+

години

искуство

МИСИЈА

Ние континуирано делуваме комбинирајќи ја технологијата, знаењето и природниот потенцијал во квалитетна сточна храна достапна за нашите ценети купувачи. Наша приоритетна обврска е да создаваме квалитетна сточна храна преку одржлив развој во производството бидејќи сметаме дека ова е единствен начин да му допринесиме најголема вредност на нашите клиенти. За нас не постои поголем успех и деловно достигнување од пред се задоволните купувачи.

ЦЕЛИ

Наша приоритена цел и обврска е да го обезбедиме посакуваниот квалитет на сточни храни за македонскиот фармер и производител. Преку континуиран равој да обезбедиме систем за животинска исхрана и да иградиме успешни и долгогодишни релации со нашите купувачи што всушност е и нашата најбитна цел. Со инвестиции и технолошки напредок во производниот процес, да допринесеме во равојот на сточарството како гранка од суштинско значење во Р.С. Маkедонија.

Во што веруваме

Во нашата способност да ги ислушаме нашите клиенти и да обезбедиме оптимално решение за нивните потреби. Во нашата одговорност да обезбедиме најдобра храна за животни за нашиот ценет клиент. Во креативност и слобода и нашата способност да дејствуваме во обезбедување на успешно решение за исхрана на животните. Во континуиран напредок и иновација на производите и услугите со цел да создадиме портфолио од производи и услуги кое ќе ги задоволи сите потреби на групите на купувачи во областа на исхраната на животните.

Services

Активности

Трговија

Трговијата е значаен сегмент од деловните активности на компанијата. Преку големата мрежа на бројни кооперанти, добавувачи и останати соработници, комплетните крмни смеси (концентрати) и целокупниот дополнителен асортиман на производи за исхрана на животни, ги пласираме на домашниот и околните странски извозни пазари .

Сточни храни

Комбинирајќи ги напредната технологија за производство на готови сточни храни и врвното научно познавање од областа на нутриција на животни нашиот тим создаде квалитетен производен програм со широк спектар на специјализирани храни во областа на говедарство, свињарство, живинарство и овчарство.

Храни за домашни миланици

Покрај тоа, нашата посветеност кон севкупната животинска исхрана се проширува со увоз и трговија преку ексклузивна дистрибуција на различити храни за вашите миленици, вклучувајќи храна за кучиња, мачки и птици.

Дистрибуција

Нашата директна дистрибутивна мрежа ја опфаќа целата територија на Р.Македонија. Со сопствен возен парк од товарни и помали комерцијални возила секоја нарачка е доставена до крајната локација на купувачот преку целата територија на земјата.

Меѓународен транспорт

Исто така, нашата компанија преку сопствената транспортна фирма ТЕРРАВИА нуди услуги во областа на меѓународен транспорт на стоки со товарни возила на територијата на Балканскиот полуостров и во неколку Европски земји.

стандард

ISO 9001 : 2000

Нашата посветеност да се обезбеди највисок квалитет на производи со најдобра можна услуга за клиентите е подобрен преку имплементација на меѓународно признатиот систем за управување со квалитетот во бизнис процесите ISO 9001: 2000. Имплементацијата на овај систем е со цел да се елиминираат сите можни неусогласености во комплетниот бизнис процес почнувајќи од набавка на суровини, процесот на производство, складирање и дистрибуција, додека не стигнат до крајната дестинација на клиентот во кој било дел од земја. Заедно со тоа, ние спроведување и следење на највисоките стандарди на производство, бидејќи усогласен производ е резултат на комбинација на многу фактори, како што се правилно складирање на состојките, затворен систем на производство со минимум човечка интеракција, соодветно пакување и складирање и дистрибуција која ги вклучува сите високи хигиенски правила , правилното доделени инструкции и упатстава за работа во производството и современа опрема и објекти како што имаме.
 

Персонал

personal

Ние веруваме дека секоја компанија е успешна и обезбедува одржлив раст како резултат накомпетентност и мотивацијата на вработените. Во долгогодишното партиципирање на пазарот, ние  комбиниравме вработени со највисока стручност  во областа на делување. Затоа, нашиот тим вклучува експерти од областа на исхрана на животните, ветеринари, маркетинг и менаџмент и квалификувана работна сила во производството. Меѓутоа, поради комплексноста и сеопфатноста на полето на исхрана на животните , се интегрираат и надворешни високо квалификувани струшни соработници, особено нутриционисти и ветеринари, како и голем број релевантни институции, со цел да обезбеди најдобар квалитет во согласност со највисоките наоди и развој во исхраната на животните.

Ние секогаш го обезбедуваме најдоброто образование и обука за професионалци во компанијата и секогаш практикуваме  тимска работа. Затоа, секоја одлука се врши со консултации и во соработка со тим од стручни лица на состаноците и секое мислење и стручност се земаат во предвид бидејќи ние веруваме дека секое релевантно мислење  вреди да се слушни и најдобро решение никогаш не е резултат од само едно лице, туку од група на експерти.